Ван Бален: Силна е поддршката на ЕУ кон Македонија

Од:

Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ денеска имаше средба со пратеникот во Европскиот парламент и претседател на АЛДЕ, Ханс Ван Бален, кој е голем поддржувач на Македонија.

Шапуриќ, како што соопшти неговиот кабинет, го информирал Ван Бален за Планот за економски раст на Владата, односно мерките за поддршка на странските и домашните инвеститори.

– За првпат во Македонија, условите за инвестирање се еднакви и за странските и за домашните инвеститори, истакнал Шапуриќ.

Тој притоа го запознал Ван Бален со активностите кои ги спроведува за подобрување на бизнис климата, преку посети на компании, состаноци со стопанските комори во Македонија, учество во изготвување и спроведување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите и друго. Резултатите од овие мерки и активности се веќе видливи, показател за тоа е склучувањето на околу 100 договори за финансиска поддршка со компании како и растот на БДП од 3.1 отсто во вториот квартал од оваа година, што претставува значајно забрзување на економскиот раст.

На средбата се разговарало и за претстојниот референдум којшто, како што посочиле соговорниците, ги отвора вратите за евроатланските перспективи и полноправно членство на Македонија во НАТО како 30 држава, и добивање на датум за отпочнување преговори со Европската Унија.

Било констатирано дека членството во НАТО и приближувањето кон европското „семејство“ ќе донесе низа бенефити за Македонија, особено пораст на економијата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Европратеникот изразил задоволство од реформите во економскиот сектор како и за одлучните политики на Владата, предводена од премиерот Зоран Заев, кои по 11 години застој, водат кон прогрес на државата.

Ван Бален ја потенцирал сопствената и поддршката на Европската унија за Македонија и изразил надеж дека граѓаните ќе ја препознаат оваа историска шанса и на 30 септември ќе излезат на референдум и ќе го дадат својот глас за влез на Македонија во ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата