Ваков објект во Бугарија изгорел за седум минути, среќа што нема жртви, вели поранешниот директорот на Универзална сала

Од:

Видно ме вознемири веста дека гори Универзална сала. Дојдов да видам што се случува, бев директор од 2005 до 2009 година, време во кое што и тогаш беше преамортизиран објектот, дури беше на граница на употреблива вредност. Ваков објект од времен карактер не смееше да работи во такво светло повеќе од 40-50 години, рече поранешниот директор на Универзалната сала, Душко Поповски.

„Откако станав директор, прва информација која што ја добив беше дека ист ваков објект во Бугарија изгорел за седум минути. Мој најголем страв беше дека еден ден ќе се случи пожар и навистина се случи, за среќа без човечки жртви и без повредени, навивам да е така. Беше синоним за сите луѓе во Македонија, за Универзална сала сите знаеме затоа што во времето на работа поминати се повеќе од 6 милиони жители. Жалосно е што не се направи пред 30 години, објектот беше измалтретиран. Уште во 2005 година имаше проект за реконструкција и доградба, но тој објект се менуваше, не знам за какви интереси. Тој проект што го започнав во тоа време не се реализира и сето тоа така тлееше и одеше, се додека се запали, среќно е што не се урна“, кажа Поповски.

Би можело да ве интересира

Aнгелов: Сигурен сум дека ќе го локализираме пожарот кај Блаце, но не и дека ќе го изгасиме

Гори шума помеѓу селата Блаце и Чучер, еден крак од пожарот е изгаснат

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот кај Блаце, зафатена е голема површина

(ВИДЕО) Ангелов: Причина за пожарот кај Блаце е фрлен отпушок од цигара од возило или намерно потпалување

Горан Наумовски

ВИДЕО: Огнот го уништува грчкото одморалиште, наредена евакуација

Во Кочани изгореа една куќа и 15 хектари зимзелена и нискостеблеста шума