МЗ: Вакцините МРП се со валиден рок на траење

Од:

Министерството за здравство соопшти дека МРП вакцините со кои се вакцинираат децата не се со поминат рок на трање.

МРП вакцините Priorix со кои се вакцинираат децата во Скопје и во другите градови од земјава се набавени со тендерот распишан 21.10.2016 година, со склучени договори на 21.03.2017 година. Вакцините кои се во употреба се Priorix, се со сериски број АМЈРД512АА, со рок на траење до 07.2019 година и сериски број A69CE583A, со рок на траење 05.2019 година, стои во соопштението.

Од Министерството информираат дека во тек е континуирана набавка на вакцини, за имунизација на населението во Република Македонија за период од јули 2018 до јуни 2020 година. Станува збор за повеќегодишна јавна набавка, која Министерството за здравство ја реализира секои две години, а техничкиот дијалог е објавен на 27.10.2018.

Би можело да ве интересира

МЗ: Околу 25.000 граѓани се пријавиja за вакцинација против сезонски грип

А1он

Во моментот нема во употреба вакцини бесеже од спорните серии, ниту се пријавени несакани ефекти, во тек е набавка од Јапонија

Даниловски објаснува што значи привременото одложување на БСЖ-вакцинацијата

Катерина Ѓуровски

Времено прекината вакцинацијата за БСЖ

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар

А1он

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он