Вакцинираните на граничниот премин кај Делчево код за патување треба да си бараат од Бугарија

Од:

Македонците вакцинирани на меѓуграничнот премин со Бугарија кај Делчево, потврда за примена вакцина и код за патување во кој ќе бидат внесени вакцините треба да бараат од бугарските здравствен власти. Од минатата недела на граничниот премин за вакцина доаѓаат Македонци за кои не е задолжително да имаат ПЦР тест, не им се бара бугарски пасош, можат да закажат термин, но се вакцинираат и оние кои само дошле на пунктот, а можат и да избраат меѓу вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ која ја нема кај нас.

Министерот за здравство, Венко Филипче, денес одговарајќи на новинарско прашање, рече дека граѓаните вакцинирани во други земји, документ за патување со код за примените вакцини, треба да бараат од државата во која ја добиле вакцината.

„Секаде каде што се вакцинираат наши граѓани во други земји, сертификат им се издава во тие земји поради тоа што мора да се стават точно сериите со кои што граѓаните се вакцинираат“, рече министерот Филипче.

Од следната недела Филипче извести дека ќе почне да се издава македонскиот „грин пас“, односно документот во кој ќе има „кју-ар“ (QR) код со податоци за датумите на кои се примени вакцините, производителот на вакцините, ќе стојат податоци за ПЦР тест и податок за антитела како доказ за прележан ковид.

Се уште нема најави во кои земји ќе биде дозволен влезот, а во кои нема да се признаваат  вакцините на „Фајзер“, „Синофарм“ и „Астра зенека“ со кои досега се вакцинра кај нас.

„Каква ќе биде политиката на земјите членки на ЕУ и на секоја земја поединечно во рамките на Унијата или земјите во светот е тешко да се каже. Има некои најави, но тие се менуваат. Нашиот ’грин пас’ ќе биде електронски и преку апликација ќе може да се симне на мобилен телефон. Ќе има кју – ар код за вакцина и ревакцина, за ПЦР тестирање со тоа што ќе може овој податок да се надгради со секое следно тестирање и ќе има податок за антитела како доказ за прележана болест ако некоја земја го бара“, рече министерот Филипче.

Документот граѓаните од следната недела ќе можат да го побараат од матичните лекари и да зачуваат на мобилните телефони.

Грција веќе се изјасни дека ќе дозволи влез и за граѓани кои примиле руска или кинеска вакцина, покрај оние на кои ќе им биде дозволен влез со негативен тест не постар од 7 часа. Во најголем дел од земјите во Европа, влезот на македонски граѓани е условен со ПЦР тест.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски

Петличковски: Шестмина вакцинирани со три дози починале во јануари, но анализите покажуваат дека трета доза штити од смрт над 95 отсто

Маја Илиевска-Пачемска

Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Ковид-19, Институтот за јавно здравје препорача вакцинирање

Катерина Ѓуровски