Вакцинирани се речиси 80 проценти од здравствените работници

Од:

Бројот на новозаболени со Ковид-10 во земјава е во пораст. Надлежните велат дека засега нмеа да има нови рестрикции. Се размислува за воведување ограничувачки мерки во есенските месеци и тоа за лицата кои не се вакцинирани.

Постои можност да се оди по примерот на некои други земји во делот на ограничување на влезот во затворени простории, поточно, да се бара задолжителна потврда за вакцинација.

Рестриктивните мерки во однос на барање тестови на граници, според надлежните, не треба да се воведат.

Во меѓувреме, според надлежните, вакцинацијата во државата се одвива добро. Вакциналните пунктови во здравствените домови функционираат, и продолжува системот на ротација со теренската вакцинација.

Акцент е ставен на вакцинирање во секторот образование и здравство. Близу 80 проценти од здравствените работници се веќе вакцинирани.

Во делот на секторот за образование, вакцинирани се околу 58 проценти од сите вработени во училиштата, а околу 60 проценти од вработени во градинките.

Со последните бројки, 63 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 61 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Сајтот „vakcinacija.mk“ е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Во текот на вчерашниот ден беа регистирани нови 74 случаи на Ковид-19. Оздравени се 17, а починаа двајца пациенти.

Зголемен број на заболени од Ковид-19 е регистриран во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар и Кичево.

Досега во земјата се направени вкупно 971.395 тестирања на Ковид-19.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.299, бројот на оздравени пациенти е 150.350, на починати е 5.493. Има вкупно 456 активни случаи.

Би можело да ве интересира

20 починати и 392 нови случаи на Ковид-19

Катерина Павлова-Николовска

Четири пациенти ја загубија битката со вирусот во штипската модуларна болница

Помал интерес за вакцинација, вчера прва доза примиле само 1.717 граѓани

Катерина Павлова-Николовска

Во периодот август-септември од Ковид-19 починале 1.033 лица, позитивни на вирусот биле над 32 илјади граѓани

18 починати и 525 новозаразени од Ковид-19

А1он

78% од новите случаи и 80% од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани

А1он