Вакцинирани над 18.000 граѓани, имунизацијата продолжува со приоритетните групи

Од:

Вакцинацијата на сите пунктови во државата и во А1 Арената – СЦ „Борис Трајковски“ се одвива одлично. Досега се вакцинирани 18 261 граѓанин, соопшти на Фејсбук министеропт за здравство Венко Филипче, кој денеска бил информиран на состанок со членовите на Националното координативно тело за имунизација против КОВИД-19. Следната недела ќе се вакцинираат вработени во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници.

Во вакциналните пунктови во здравствените установи тече вакцинацијата на возрасни граѓани над 76 години, а во спортската сала се вакцинираат здравствени работници и припадници на т.н. критична инфраструктура.

– Освен возрасни граѓани, здравствени работници, вакцинирани се најкритичните групи на припадници на МВР, АРМ, наставнички од прво до трето одделение, воспитувачки и негувателки во градники, возачи на ЈСП, следната недела ќе се вакцинираат вработени во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници, напиша Филипче на својот фејсбук-профил.

Додава дека при приоритизација на групите за вакцинација е земено предвид епидемиолошката состојба во земјава и широката распространетост на вирусот.

– Таргетирани се приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура, наведува министерот во објавата на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски