Вaкцината за Ковид-19 ќе биде бесплатна и незадолжителна

Од:

Вакцината за Ковид-19, која се очекува да пристигне во почетокот на следната година, нема да биде задолжителна, а ќе биде бесплатна за сите граѓани, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што посочи тој, набавната цена за една вакцина, според иницијалните документи кои ги добиле преку ковакс механизмот, е 10 долари.

Во однос на динамиката на пристигнување на вакцините, Филипче најави дека се очекува преку ковакс механизмот, на почетокот на следната година да пристигнат, веројатно во првите два до три месеци. Посочи дека во прашањето кога точно се очекува да пристигнат, е упатено до институциите.

Што се однесува до чување на вакцините, Филипче истакна дека вакцините се кај економските оператори кои што увезуваат. Тие ја преземаат обврската за дистрибуција до вакциналните пунктови и според него, тоа е најлогичен, најпрактичен и најлесен систем.

-Во однос на чување на вакцините, сега, историски наназад гледано долг период кај нас, вакцините се кај економските оператори кои што увезуваат. Понатаму, тие ја преземаат обврската исто така за дистрибуција за вакциналните пунктови и сметаме дека е најлогичен, најпрактичен и најлесен систем оваа вакцина да се доведе на тој систем со тоа што во системот на чување и складирање само ќе се додадат овие фрижидери кои што ќе ги добиеме за -70 температура, а за сите други магацински простори веќе имаме согласнот од економските оператори да ги користиме и за оваа вакцина, рече министерот на прес-конференција во одговор на прашање.

Тој додаде дека вакцината нема да биде задолжителна, но во исто време нема ни да се наплаќа така да секој кој сака, ако одговара може да се вакцинира.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски