Вакцинацијата против грип во Пехчево се одвива според планираното и без проблеми

Од:

Вакцинацијата против грип во Пехчево се одвива според планираното и без проблеми. Од Јавната здравствена установа Здравствен дом „Д-р Иван Георгиев“ во Пехчево, информриаат дека во моментот се очекуваат вторите дози вакцини, кои треба да ги прими повозрасната популација.

-Во рамки на првиот дел од вакцинирањето беа ставени сите вакцини закажани преку Мој термин. Бројката на вакцинирани опфатени со првиот дел од вакцинацијата изнесува 84 лица. Очекуваме со вториот бран вакцинација да добиеме повеќе вакцини, се со цел успешно да го завршиме вакцинирањето на лицата, кои претходно се пријавиле кај своите матични лекари, истакнаа од Здравствениот дом во Пехчево.

Дел од граѓаните велат дека ја примиле вакцината и очекуваат добро да го поднесат грипот, кој како што велат допрва почнува.

-Се пријавивме за сезонската вакцинација и потоа ни беше кажано кој ден треба да ја примиме. Иако се чувствуваме здрави, сепак секоја година ја примаме вакцината, велат дел од граѓаните.

Од Здравствениот дом „Д-р Иван Георгиев“ во Пехчево, додаваат дека целокупната вакцинација на пријавените треба да заврши до крајот на месец ноември.

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Пекевски: Се чекаат резултати по информацијата за појава на салмонела во детската градинка во Берово

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски

Десетина пациенти со грип на Инфективна, една пациентка со потешка состојба на Пулмологија

Горан Наумовски