Вакцинацијата против беснило кај уличните кучиња на незадоволително ниво

Од:

Општините не смеат да го сметаат проблемот со уличните кучиња како тривијален наспроти другите, комунални проблеми, туку треба да го постават на ниво на неговата важност и да овозможат негово посоодветно решавање, порачаа денеска ветеринарите од панел – дискусија по повод Светскиот ден на борбата против беснило, 28 Септември.

Како што рече претседателот на Ветеринарната комора на Македонија Томислав Николовски, опфатот на вакцинација против беснило кај бездомните кучиња, посебно во руралните средини, е на незадоволително ниво. Но, пред вакцинацијата треба да се изврши идентификација и регистрација на животните (кучиња, мачки), процес кој во Македонија се уште не е спроведен.

Според Николовски, може да се каже дека идентификацијата и регистрацијата се спроведени кога со нив ќе бидат опфатени 80 – 90 отсто од популацијата на кучиња и мачки, невклучувајќи ги притоа мачките кои се чуваат во домашни услови.

– Ветеринарната струка е на браникот и војува на два фронта – да се искорени беснилото во дивата популација која е практично резервоар на инфекцијата (лисици, волци) за што неколку години се спроведуваат кампањи на орална вакцинација. Другиот фронт е задолжителната вакцинација на домашните миленици, кучињата и мачките, како и регулирањето на многу сериозниот проблем – бездомните кучиња. Но не можеме да бидеме задоволни ниту со едниот, ниту со другиот сегмент во однос на опфатот, изјави Николовски.

Со годишна наредба, објасни, се наложува сите кучиња и мачки постари од три месеци до петмесечна старост да се вакцинираат против беснило и секоја година да се ревакцинираат до крајот на животот.

– Свеста на луѓето во градските средини е можеби на нешто повисоко ниво, но тоа не случај и во руралните подрачја каде ризикот е најголем, нагалси Николовски.

Обврската за вакцинирање против беснило за милениците ја имаат нивните сопственици, додека за уличните кучиња, согласно Законот за благостсојба на животните, се надлежни, односно задолжени општините.

Засега во Македонија има осум прифатни центри за бездомни кучиња.

– Секоја општина според Законот за благосостојба на животните, треба да формира прифатилишите. Не мора секоја свое, туку може и едно, регионално, за повеќе општини. Секое прифатилиште е должно да ги вакцинира заловените кучиња од беснило, да ги стерилизира, кастрира, идентификува со микро чип и видливо да ги обележи, подвлече

Светскиот ден на бробра против беснило, 28 Септември, се одбележува десетта година. Претензиите во светски рамки се до 2030 година хуманото беснило да се елиминира во потполност.

На светско ниво, годишно од беснило умираат по 50.000 – 60.000 лица или по 150 на ден. Притоа, во 95 отсто од случаите беснилото е предизвикано од каснување на кучиња – скитници.

Би можело да ве интересира

АХВ: Се повлекува чоколадото „милка орео“, во него е пронајдена пластика

Орце Костов

АХВ: На фејсбук страницата „Zeolit MK“ нелегално се продава „Zeo Medic“, производот не е одобрен и нема гаранција дека е безбеден

Повлечен од продажба небезбеден чипс од Косово

АХВ: Засилени контроли на рокот на производите во новогодишните пакетчиња

Орце Костов

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

Салмонела нема ниту во храната, изворот на заразата во училиштата во Карпош дополнително ќе се утврдува