Вакцинација против сезонски грип во Дебар

Од:

Во дебарската работна единица на Центарот за  јавно здравје-Охрид, во изминатите два дена, од кога почна вакцинацијата против сезонски грип, ја  примиле седумдесет лица.

– Годинава набавивме 500 вакцини, што е за педесет повеќе споредено со лани. Тоа поради поголемата заинтересираност што беше лани бидејќи заради  близината,  за имунизација од сезонски грип, се јавуваат и жители од подрачјето на Река, општина Маврово Ростуше, информира Ментор Меља, епидемилог, додавајќи  дека доколу биде потребно ќе се изврши и дополнителна набавка.

Според Меља вакцината е со унифицирана цена од 400 денари и се препорачува за лица со зголемен ризик за заболување од грип и можни компликации од грип.

Би можело да ве интересира

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи