Доколку до среда не се иселат, борците со извршители и полиција ќе бидат исфрлени од просториите од „ Домот на воени инвалиди“.
„И покрај недобиените одговори од Апелационен суд, Републичкиот судски совет и Комората на извршителите да биде одложено иселувањето на Сојузот до дочекот на крајот на судењата, добивме известување доколку до утре не ги напуштиме просториите и ги предадеме на Сојузот на воени инвалиди, ќе бидеме присилно иселени со асистенција на полицијата“, вели Петар Карајанов, член на Управниот одбор на Сојузотна борците.
На 19.( среда), во 10 часот, Сојузот организира протестен марш по улиците на Скопје, кој ќе помине покрај Собранието, а ќе заврши пред Владата.
Борците со ова сакаат да го изразат незадоволството од, како што велат, политизираните одлуки на судството и неморалните процеси.