В понеделник започнуваат третата и четвртата фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“

Од:

Во понеделник, 12 јули, започнуваат градежните активности од третата и од четвртата фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“, а ќе се реализираат до 12 септември 2021 година. Поради изведбата на градежните активности се воведува нов сообраќаен режим на повеќе улици во Дебар Маало, информира Општина Центар.

„Во третата фаза се предвидува целосно затворање на „Орце Николов“ од раскрсницата со улицата „Наум Наумовски Борче“ до влезот на паркинг-просторот пред административните бараки на Општина Центар. Се предвидува целосно затворање на пристапот до Боемска улица, а улицата „Михаил Цоков“ ќе биде пренаменета во двонасочна и возилата што доаѓаат од „Илинденска“ ќе се движат низ паркинг-просторот пред Општина Центар за приклучување до улицата „Орце Николов“. Во оваа фаза улицата „Аминта Трети“ останува двонасочна како во претходните фази, а на улицата „Отон Жупанчиќ“ се воведува двонасочен сообраќај и забрана за паркирање возила. Улиците „Наум Наумовски Борче“, „Антоние Грубишиќ“ и „Радњанска“ ќе бидат еднонасочни во спротивен правец од постојниот сообраќаен режим.

Во четвртата фаза се предвидува целосно затворање на улицата „Орце Николов“ од влезот на паркинг-просторот пред административните бараки на Општина Центар до првиот влез пред Министерството за одбрана. На улицата „Дане Крапчев“ до раскрсницата со улицата „Дебарца“ се воведува двонасочен сообраќај и забрана за паркирање возила, а сообраќајниот режим на улицата „Антоние Грубишиќ“ оставува ист како во третата фаза“, соопштува Општина Центар.

„Во претходните фази се реконструираа коловозните, пешачките и велосипедските површини, поставено е ново ЛЕД-осветлување и воведен е нов систем за модернизација на јавното осветлување. Во првата и втората фаза е поставена нова атмосферска канализација и вертикална сигнализација, ослободени се јавните површини и воведен е нов кружен тек на најкритичната точка на улицата заради намалување на сообраќајните незгоди на овој потег, смирување на сообраќајот и зголемување на безбедноста на улицата „Орце Николов“.

Апелираме до сите граѓани и учесници во сообраќајот да ги почитуваат измените во сообраќајниот режим во Дебар Маало и да бидат внимателни поради изведбата на градежните активности во наредните месеци.

Целосната реконструкција на улицата ќе се одвива во шест фази на површина од 7.182 квадратни метри, а инвестицијата за целиот проект изнесува 77 милиони денари, средства од општинскиот буџет“, се додава во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски