В понеделник протест за стопирање на изградбата на охридската џамија

Од:

Здружението на граѓани „Совест“ во понеделник во 16 часот ќе одржи протести на улицата „Димитар Влахов” во Охрид, со цел стопирање на изградбата на Алипашината џамија.

„Организираме мирен протест по повод незаконско градење на Алипашина џамија. Да му ставиме стоп на беззаконието, нема правда нема мир”, објавија од „Совест“.

Овој протест е закажан, откако претходно, неколкупати беше одложуван поради ветувањето на Владата и Општина Охрид дека ќе се најде решение за овој проблем.

Минарето на Алипашината џамија во Охрид и натаму се гради, без потребните дозволи. Охриѓани велат дека е кренат уште еден кат, а од зелената ограда поставена околу минарето не се гледа конструкцијата. Градежните активности кусо беа прекинати само од лошите временски услови, но не и од инспекциските служби. За изградба на минарето, треба да се издаде дозвола за градба од ресорното министерство, во спротивно тоа ќе треба да се отстрани.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски