В петок марш против политика во фудбалот: преседан е политичка партија да крева пехар како ДУИ во Тетово

Од:

В петок попладне на протестен марш ќе излезат граѓани кои не се согласни политиката да се меша со фудбалот. Ќе се маршира од хотел „Русија“ до Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) од каде организаторите најавуваат дека јавно ќе ги пренесат пораките против политизирање на фудбалот.

„Излегуваме на улица оти сме против тоа пехар, за фудбалско достигнување, да крева лидер на политичка партија. Тоа е преседан кој не смее да се премолчи. Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет останаа без реакција кога во Тетово се креваше пехар од политичката партија ДУИ. Политичари седат во ложа, но никаде во светот политичари не креваат пехар. Решивме да протестираме токму поради тоа што изостана реакција од институциите. Не се реагира ниту кога претседателот на ФФМ, за кого сметаме дека е самоизбран, со покажување двоглав орел шири национализам“, вели спортскиот новинар Игор Александровиќ, организатор на протестот.

Тој уште вели дека пехарот отиде во рацете на политичарите кога „Шкендија“ минатата недела стана шампион во Првата македонска фудбалска лига.

Протестот е пријавен во полиција, а ќе почне во 17.30 часот. Зборно место е хотел „Русија“. Организаторот го најавува протестот како фудбалско востание – протест против политичка окупација на ФФМ нелегални самоизбори.

Би можело да ве интересира

Леонид Јандреоски нов генерален секретар на ФФМ

А1он

ФФМ ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции поради трагедијата во Кочани

А1он

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ

Новоматик Македонија – нов спонзор на Фудбалската Федерација на Македонија

Од следната сезона ВАР и во македонскиот фудбал

Катерина Ѓуровски

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски