В четврток се отвора пункт за вакцинација на УКИМ, ќе се вакцинираат помладите

Од:

В четврток ќе се отвори пункт на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што ќе може да се вакцинираат помладите, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, велејќи дека акцентот сега се става на вакцинација кај помладите категории граѓани.

„Расте опфатот на вакцинација на лицата над 40 години, односно од оваа старосна група вакцинирани се 53 проценти од вкупното население. Затоа сега ставаме акцент на вакцинација на помладите граѓани, вирусот се шири меѓу нив и тие можат да го пренесуваат. Докажано е дека вакцината е безбедна и ефикасна, не треба да постои страв, а важно е на младите да им се врати животот и тие да се социјализираат“, изјави Филипче.

На прес-конференцијата учествуваа и студенти од Медицинскиот факултет.

„Ние директно бевме вклучени каде што требаше во сета корона криза, правевме епидемиолошки анкети, волонтираме во ковид центрите… Мојата порака е до сите млади, да покажеме висок степен на свест, сериозност и одговорност кога станува збор за јавното здравје, да се заштитиме себе и луѓето околу нас“, изјави еден од нив.

Би можело да ве интересира

Вработените на петте јавни универзитети на мирен протест побараа потпишување на колективен договор и изедначување со УКИМ

Горан Наумовски

Ристов: Непочитувањето на колективен договор на УКИМ е кршење на принципот на владеење на правото

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов

Професори од УКИМ бараат пријавата против ректорката Ангелова да биде приоритет за Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Професори од УКИМ поднесоа пријава до Антикорупциска против рекорката Биљана Ангелова

Уписи на УКИМ – слободни 10 473 места за бруцоши на 23-те факултети