Увезен пририден гас без платени 90 илјади евра царина

Од:

Трговско друштво од Скопје, носител на лиценца за производство на топлинска и електрична енергија, избегнало плаќање 5,5 милиони денари или околу 90 илјади евра царински давачки при увоз на 1.264.102 нормални метри кубни или 42.923 тера џули природен гас (метан) вреден 530 илјади американски долари.

Како што соопшти Царинската управа, измамата е откриена со проверка на фактурите, актите за примопредавање на испорачан гас и извештаите за квалитет на гас на испорачателот на природен гас.

При контрола на работењето за првото полугодие од 2013 година, утврдено е дека трговското друштво го реализирало увозот без воопшто да поднесе царински декларации. Со тоа, бесправно отстранило стока од царински надзор која подлежи на увозни давачки.
Против трговското друштво ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он