А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Утврдено присуство на птичји грип во Македонија

by А1он30/01/2017 - 15:0331/01/2017 - 08:24291
Share0

Утврдено е присуство на високозаразна болест Авијарна инфлуенца, односно птичји грип тип АХ5Н8 кај живина во струшкото село Мороишта, информираше денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.

Добивај вести на вибер

Посочи дека вирусот е високо патоген кај живината, но не претставува зооноза и не се пренесува кај луѓето и во ниту еден случај не може да претставува закана по јавното здравје кај луѓето.

– Првиот случај е детектиран на 27 јануари по активен надзор на живината спроведен на терен и е констатиран во лабораториските анализи на Факултетот за ветеринарна медицина. Веднаш пристапивме кон протоколот за справување со птичји грип и тоа во самото жариште да се уништи целокупната живина, нештетно да се отстрани и да се изврши комплетна дезинфекција, рече Поповски.

Нагласи дека се донесени неколку мерки и прогласени две заштитини зони под надзор, каде согласно по правилникот на терен се уништува целокупната живина и производи од живина што биле во контакт. На терен се активни 30 тимови по 4 лица.

– Секоја живина што ќе биде угината ќе биде обесштетена. Веднаш ќе се прават записници и ќе се пополнува барањата за штета. Апелираме за максимална кооперативност од локалното население бидејќи се работи за вирус што многу брзо се шири кај живината и може да направи големи економски штети, рече Поповски.

Како симптоми кај живината, Поповски ги посочи високата смртност и пад на несивоста.

Според професор Александар Додовски, позитивно е дека вирусот е откриен кај селски живини што дава време за реакција и целосно неутрализирање.

– Вирусот веќе од ноември 2016 година циркулира и е присутен во земјите од Европа. На вирусот му погодуваат ниски температури и го продолжуваат неговиот животен век до надворешна средина. Вирусот во фецес на температура од 4 степени може да опстои активен и до осум недели, додека во површински води на температура од 10 степени е активен од 100 до 120 дена. Значи дека сме во период на максимална активност на вирусот, рече Додовски.

На новинарско прашање за постоење на активни забрани за увоз на живина, Поповски рече дека активни забрани има кон сите земји каде е појавен вирусот, но дека забраните не се однесуваат на цели држави туку на региони.

pticji grip

Би можело да ве интересира

Регистриран нов случај на птичји грип кај угината гуска во скопско Злокуќани

Катерина Ѓуровски31/10/2024 - 14:26

Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип

Катерина Ѓуровски22/10/2024 - 13:47

АХВ: Потврден е случај на присуство на вирусот на Птичји грип во Зоолошката градина во Скопје

Горан Наумовски19/10/2024 - 16:41

СДСМ: Кога не блокира закони ВМРО ДПМНЕ шири лажни вести за птичји грип

А1он17/02/2022 - 16:15

Трипуновски: Слабиот менаџмент во АХВ и МЗШВ и нивната неспособност резултира со појава на птичји грип во Македонија

А1он17/02/2022 - 15:36

(ВИДЕО) Димов: Не бакнувајте се при поздравување и не играјте руски рулет со коронавирусот, секој може да се зарази

Маја Илиевска-Пачемска10/03/2020 - 20:2210/03/2020 - 21:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен