А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Утврдени кандидатските листи за членови на советите на АВМУ и на МРТ

by А1он29/07/2019 - 14:35265
Share0

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ги утврди листите на кандидати доставени на јавни конкурси за избор на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и на Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија (МРТ).

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти на седницата претседателот на Комисијата Илија Димовски, на конкурсот за АВМУ се пријавиле 28 кандидати, од кои сите ги исполнуваат формално правните услови да продолжат во наредните фази од процесот на изборот. За програмскиот Совет на МРТ кандидатура поднеле 19 лица, од кои 18 ги исполнуваат формално правните услови и продолжуваат во наредните фази од процесот.

Утврдените листи се условни и пред да бидат упатени на јавна расправа кандидатите треба да бидат проверени од страна на Антикорупциската комисија која треба да достави советодавно мислење за секој од нив дали ги исполнува условите за непостоење судир на интереси утврдени согласно законските услови.

Советот на АВМУ брои седум члена, а Програмскиот совет на МРТ треба да брои 11 члена. Гласањето кое е трета фаза од процесот за избор на членови во овие две тела треба да се изврши со двотретинско мнозинство.

Следете a1on на Youtube YouTube

Инаку, се очекува седницата за јавната расправа да биде закажана по одморите и откако ќе биде добиено мислењето од Антикорупциска.

На денешната седница беа разгледани уште пет точки со кои беа утврдени Предлог-одлуки за изменување на одлуките за избор на член на делегацијата на Собранието на РСМ во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација и за именување на член на Националниот совет за евроинтеграција по предлог на претседателот на државата.

Комисијата овие одлуки ги донесе по едночасовната пауза и усогласување на ставовите меѓу власта и опозицијата откако првично не помина предлогот на владејачкото мнозинство точките по однос на утврдување на листите на кандидати за Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ да бидат разгледани први на седницата. Во оваа Комисија мнозинството го има опозицијата откако пратеникот од Беса, партија која порано беше на страната на власта сега делува опозициски.

Комисијата утре ќе продолжи по останатите точки од дневниот ред од 24-та и 17-та седница.

sobranie

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 16:15

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Катерина Ѓуровски26/06/2026 - 14:03

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ19/06/2026 - 12:5419/06/2026 - 13:08

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Горан Наумовски10/06/2026 - 12:30

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Горан Наумовски26/05/2026 - 14:36

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он18/05/2026 - 16:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто