Утврдена програмата за функционирање на зимска служба во општина Битола

Од:

Советот на општина Битола ја утврди програмата за организирање и функционирање на зимска служба на подрачјето на таа локална самоуправа.

Со програмата прецизирани се активностите за зголемена ефикасност, нивото на чистењето на снегот и голомразицата од коловозните површини, потребната механизација, опрема, материјали и работна сила и потребните финансиски средства.

– За реализација на програмата ќе бидат вклучени повеќе јавни институции во градот чија основна задача ќе биде одржувањето на магистралните и собирните улици, односно коловозните површини кои изнесуваат околу 180 километри, чие расчистување ќе се врши со соодветен приоритет. Чистењето на снегот и мразот од улиците во Стара чаршија и ул. „Широк сокак“ во Битола ќе се врши со собирање и исфрлање на снегот и мразот, информираат од општина Битола.

За претстојната зимска сезона и работа на соодветните служби и претпријатија обезбедени се 14,2 милиони денари кои ќе бидат искористени за набавка на индустриска сол, песок-ризла, ладна асфалтна маса и средства за материјални и човечки ресурси.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот