Полицијата денеска го соопшти идентитетот на лицето чие безживотно тело вчера беше пронајдено во Охрид. Станува збор за 64-годишниот Младен В., чие тело во текот на вчерашниот ден беше пронајдено на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид.
Од полицијата соопштија дека на телото не се пронајдени траги на насилство, а извршениот увид покажал дека Младен В. во текот на вчерашниот ден излегол да прошета, при што доживеал срцев удар и починал на лице место.
Безживотното тело на охриѓанецот вчера го забележал лекар од Службата за итна медицинска помош, по што ја известил полицијата.