Утрово пронајдено мртво тело во водите на Охридското Езеро

Од:

Утрово е пронајдено безживотно машко тело во водите на Охридското Езеро. Телото е забележано од случаен минувач во близина на угостителски објект во центарот на градот.

Од полицијата го потврдија случајот и работат на утврдување на идентитетот и расчистување на случајот.

Станува збор за лице на околу 25-годишна возраст, со кратка коса и висина од 180 сантиметри. Во моментот на пронаоѓањето давеникот бил облечен во сини фармерки во кои имало еден клуч, најк патики, бела кошула со долги ракави, а под неа дрес на германската репрезентација.

На местото на настанот увид изврши јавен обвинител и полициски екипи. На безживотното тело не се забележани траги на насилство, а во текот на денов ќе биде извршена обдукција.

СВР Охрид интензивно работи на утврдување на идентитетот на удавеното лице.

Упатувам апел до граѓаните да пријават на 192, во СВР Охрид или на полициски службеник било каква информација која ќе е корисна во идентификацијата на телото на што СВР Охрид во моментов работи – истакна Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски