Утрински молитви по повод Рамазан Бајрам во сите џамии во Дебарско

Од:

Во сите 35 џамии на дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар,Центар Жупа и Маврово Ростуше, одржани беа утрински молитви по повод големиот исламски празник Рамазан Бајрам.

Централната манифестација по повод празникот, Рамазан Бајрам, беше одржана во Дебар во новата Саат кула џамијата.

Утринскиот намаз го одржа првиот човек на дебарското муфтиство, Рамазан Хаса, кој пред големиот број верници порача мир, благостојба, соживот и меѓусебно почитување.

Бајрамскиот намаз го одржа Ружди Љата, поранешен дебарски муфтија и актуелен градоначалник на Дебар.

По утринскиот бајрамски намаз верници исклучиво мажи ги посетија вечните почивалишта на нивните најблиски, по што до пладне одат во посета и честитање кај роднини и пријатели. Семејствата се собираат на заеднички ручек по што повторно се продолжува со взаемни посети.

Негувајќи ја вековната верска толеранција наследена од своите предци, во дебарскиот регион породолжуваат меѓусебните посети и честитања од православните верници, кај нивните соседи, пријатели, колеги.

Би можело да ве интересира

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Рамазан Бајрам -10 април, неработен ден за сите граѓани

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Деветгодишниот Павел Ангеловски вторпат го фати светиот крст во Дебар

А1он

Кривична за родители: Ги запуштиле своите малолетни деца и ги терале да питачат