Сообраќајот на патот А2 Кичево-Охрид помеѓу планински превој Пресека и с.Врбјани утре ќе биде во прекин во интервали од 15-20 минути, помеѓу 14 – 15 часот поради изведување минирање на патот.
Од истите причини и задутре сообраќајот на таа делницата кај Извор ќе биде во прекин во интервали од 15-20 минути, помеѓу 16-17 часот.