Утре во 13 часот лидерска средба

Од:

Утре во 13:00 часот ќе се одржи средба на четворицата лидери, на која треба да се процени дали има услови за избори и што е спроведено од Пржинскиот договор од 20 јули, дознава А1он.

Потписничките на договорот се уште не ги исполнија договорените точки, иако пред средбата требаше да бидат исполнети сите услови за избори. Партиите заглавија во формирање на ад хок телото за регулација на медиумите пред избори, а не е избран ни новиот главен уредник на информативната програма на Македонската телевизија.

Како што претходно објави А1он, главен уредник на МРТ најверојатно ќе биде Санта Аргирова, но тоа ќе се дознае доколку лидерите утврдат дека има услови за избори.

Освен формирање на ад хок телото за медиумите, чиј рок е пробиен, преостанува уште да се одржи лидерска средба, а до втори септември треба да се именува главен и одговорен уредник на МРТ, како и сусптендирање на Законот за МВР за надлежностите на министерот и избор на министри и дополнителни заменици министри во преодната влада.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Мицкоски: Техничката влада оди во историја, најден компромис за Законот за прекршоци

Касами: Со измените на Изборниот законик до отворени листи и повеќе права за дијаспората

Почна лидерската средба

Катерина Ѓуровски

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Без Филипче, со Ахмети и Апасиев, Мицкоски денеска прави лидерски собир