Утре свечено отворање на Католичката црква во Штип

Од:

По речиси четири години од поставувањето на темелите, Католичката црква во Штип утре свечено ќе биде отворена.

Новата католичка црква е изградена на местото каде што и порано постоеше. Пред педесетина години земјиштето и објектот што беа во сопственост на Католичката бискупија во Македонија, преку постапката на национализација, премина во сопственост на државата.

Објектот со години беше оставен без никаква заштита. По иницијатива на Друштвото на Хрватите „Либертас“ од Штип, пред пет години имотно-правните односи беа средени со што можеше да се почне со изградбата на католичка црква.

DSC09262

Свеченото отворање ќе започне во 11 часот, а процесијата ќе ја води бискупот Кирил Стојанов. На свеченоста се очекува да присуствуваат и претставниците на католичката црква што деновиве се гости на Меѓународната конференција на верските заедници, која деновиве се одржува во Република Македонија.

Католичката црква во Штип е единствената во источниот регион, а ќе опслужува околу 200 верници од Штип, како и сите други католици од источниот регион.

Од Здружението на Хрвати ги повикаа сите да ја посетат црквата и да ја споделат радоста со граѓаните од католичка вероисповед.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена