Утре посебен сообраќаен режим заради синдикалниот марш

Од:

По повод празникот на трудот „1-ви Мај“, односно заради закажаниот синдикален марш во организација на Сојузот на синдикати на Македонија, што ќе започне утре во 11 часот во Скопје, Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје ќе воведе посебен сообраќаен режим за непречено одвивање на манифестацијата долж најавената маршута на движење на учесниците.

МВР денеска соопшти дека маршот е предвидено да започне пред зградата на ССМ на ул. „Мирче Ацев“ со движење: лево по ул. „Филип 2-ри Македонски“, десно по ул. „11-ти Октомври“, право по ул. „Димитрие Чуповски“, десно по ул. „Васил Главинов“, право по бул. „ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред објектот на Влада на РСМ во Скопје.

Од тие причини сообраќајната полиција ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајниците во централното градско подрачје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците на маршот.

Би можело да ве интересира

ССМ ги блокира работодавачите, бара зголемување на платите

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Низ цела Франција се најавени собири, на кои се очекуваат помеѓу 600.000 и 900.000 демонстранти

Горан Наумовски

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“