Популарниот српски пејач Здравко Чолиќ на 15 јуни (сабота) ќе одржи концерт на стадионот „Тодор Проески“ со почеток од 20 часот.
Поради овој музички настан ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот во периодот од 18:00 до 23:00 часот, информираат од МВР.
Сообраќајот периодично ќе се пренасочува на булеварот Илинден, улицата Аминта Трети и улицата Наум Наумовски Борче. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.