Утре почнува судскиот процес смртта на Тамара – членови на комисии и лекари на обвинителна клупа

Од:

Во кривичниот суд во Скопје утре почнува судскиот процес против пет членови на првостепената и пет членови на второстепената комисија, кои го донеле односно го потврдиле негативното решение за лекување на малата Тамара Димовска од Велес во странство. Обвинети се и двајцата тогашни директори на Фондот за здравствено осигурување и претседателот на Управниот одбор на ФЗО. На обвинителна клупа, меѓу дванаесеттемина, треба да седнат докторката Аспазија Софијанова, и ексдиректорите на ФЗО, Маја Парнаџиева-Змејкова и Џемали Мехази.

Тие се обвинети за несовесно работење во службата. Обвинителството постапуваше по допрен глас, а подоцна ја припои кривичната пријава поднесена од Хелсиншкиот комитет за човекови права и од мајката на починатата Тамара од Велес. Предметот ќе го суди судијата Марин Станевски.

Јавниот обвинител во истражната постапка ги испитал членовите на стручниот колегиум – потписници на Предлогот за упатување на лекување во странство, претставник на Фондот за здравствено осигурување, секретарите на Комисиите на Фондот (првостепена и второстепена), директорот на ЈЗУ ТОАРИЛ УЦ, како и членовите на првостепената и второстепената комисија, кои одлучувале за донесувањето на негативното мислење.

Од Институтот за судска медицина и медицинска деонтологија било побарано да изврши и дополнително вештачење за да се утврди поврзаноста на конкретната причина за смртта кај Тамара со нејзината општа здравствена состојба.

Според обвинението, првостепената лекарска комисија за одлучување по правото на лекување во странство, го донела првичното негативно мислење за лекувањето на Тамара Димовска. Мислењето дека не се исцрпени можностите за лекување на пациентот во Македонија тие го донеле по истекот на законски предвидениот рок спротивно на мислењето на Стручниот конзилиум на УК ТОАРИЛ УЦ.

Постапувајќи по ваквото мислење, двајца од обвинетите во својство на директори на Фондот за здравствено осигурување донеле решение со кое барањето за лекување во странство го одбиле како неосновано. Истото решение било потврдено и од обвинетите членови на второстепената лекарска комисија, потпишано од обвинетото лице во својство на претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, без притоа да се одржи седница на Управниот одбор.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Хелсиншки: Недозволиво е постојаното одложување на рочиштата во случајот ,,Тамара’’

ВИДЕО: Вечерва се одржува доделување на музичките награди МАС

Драган Поповски

(ВИДЕО) Царовска: Северна Македонија е на врвот на евровизиската победничка листа со пораката за родова еднаквост и за прифаќање на различностите

Ана Ололовска

Галетановски до македонската дијаспора: Рмбаjте под туѓо сонце и плукајте по се што вреди, никад да не се вратите

Татјана Ташкова

Би-би-си: Импресивниот настап на Тамара овозможи да научиме географија

Татјана Ташкова

Мицкоски: Честитки за Тамара, Македонија вечна

Галена Николовска-Ризвановиќ