А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Утре почнува меѓународниот саем ТЕХНОМА

by А1он14/10/2013 - 12:23178
Share0

Скопски саем од утре до 19 овој месец ќе биде домаќин на 39. издание на Меѓународниот саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита ТЕХНОМА 2013. Најавено е присуство на саемот на повеќе од 200 домашни и странски компании од кои 50 со групно учество од Италија, Грција, Бугарија, Словенија и Хрватска.

Добивај вести на вибер

Во фокусот на програмите на изложувачите и годинава останува заштедата на енергијата, а најпроактивни ќе бидат малите и средните претпријатија, оценуваат од Скопски саем.
Паралелно со 39. издание на ТЕХНОМА 2013 на Скопски саем ќе се одржат и 14. Меѓународен саем на занаетчиство и мало стопанство, 33. Меѓународна изложба на иновации – МАКИНОВА, како и Изложба на агромеханизација како сегмент на 63. Меѓународен саем за широка потрошувачка АГРОФУД.

Меѓународната асоцијација Централна европска алијанса на саеми, пак, организира средба на експерти на тема „Еколошки места за настани“.

Од Скопски саем истакнуваат дека интересот за учество на ТЕХНОМА воопшто не се намалува и оти по бројност учесниците ќе бидат како и минатата година. Намален е изложбениот простор, односно ќе се изложува на површина од 12.000 метри квадратни, а како причина се наведува настојувањата на компаниите да ги намалат трошоците за изложба на експонати.

На Меѓународната изложба на иновации МАКИНОВА е најавено претставување на стотина експонати од кои 30 од Македонија, 10 како младинско творештво и по 10 од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Ќе бидат изложени и 10 експонати од меѓународни изложби.
Како заеднички дел од АГРОФУД и ТЕХНОМА, според најавите, ќе биде изложувањето на агромеханизацијата во дворот пред Управната зграда на Скопски саем, а најавено е и прогласување најпроактивен земјоделец.

saem

Би можело да ве интересира

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on15/08/2023 - 11:3915/08/2023 - 14:25

Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

A1on05/09/2022 - 12:5405/09/2022 - 14:10

Саем за волонтерство и активно граѓанство

Ана Ололовска06/12/2017 - 09:02

Саем на наставни средства

Ана Ололовска31/05/2017 - 08:38

Почнуваат Деновите на образование и саемот на туризам

Наум Локоски06/04/2017 - 08:16

Саеми за туризам, образование и кариера

Емир Латифовиќ14/04/2016 - 09:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен