Утре нов протест на ВМРО-ДПМНЕ, со колона автомобили „против мафијата на Заев и поскапа струја“

Од:

ВМРО-ДПМНЕ за утре го најави следниот во серијата протести, чија тема повторно ќе биде поскапувањето на струјата. Како што најавуваат од партијата, во 18.00 часот на паркингот на спортската сала „Борис Трајковски“ членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ ќе оформат колона со автомобили, која ќе се движи во „Партизанска“ и низ центарот на Скопје, до Регулаторната комисија за енергетика.

„Мафијата на Зоран Заев ја урна економијата во Република Македонија. Поради неспособноста на владата предводена од СДСМ останаа над 40 илјади граѓани на улица за пет месеци.

Македонија има историски пад на БДП од 12.9%. Зоран Заев тргува со македонската историја, го продава Гоце Делчев.
Земјоделците поради владата на СДСМ се на питачки стап.

Протестираме и ќе продолжиме. Капакот на сѐ е поскапата струја која гризе од стандардот на сите. Затоа продолжуваме да протестираме против поскапата струја која носи сиромашен народ.

Во четврток, во 18.00 часот, протест на ВМРО-ДПМНЕ со автомобили кој ќе започне пред паркингот на спортската сала „Борис Трајковски“ по булеварот „Партизански одреди,“ до пред Регулаторната комисија која делува како продолжена
рака на СДСМ и Заев.

Поскапа струја, сиромашен народ,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ