Членовите на работната група за ДИК утре повторно ќе седнат на маса.
Тема на разговорите, како и на првиот состанок, ќе бидат измените на законите поврзани со изборите, составот на ДИК и избирачкиот список, а можно е утре првпат да се отвори и темата за гласањето на дијаспората.
Измените во ДИК и во изборното законодавство беа предвидени со Договорот од Пржино.
На состанокот ќе присуствува и белгискиот експерт Питер Ванхуд.