Утре истекува рокот за поднесување барања за откуп на дворно место

Од:

Утре истекуива рокот за поднесување барање за приватизација на дворните места по цена од едно евро за метар квадратен.

Шалтерите во сите одделенија за катастар на недвижности во земјата, како и во Центарот за катастар на недвижности – Скопје и денеска ќе работат од 8:30 до 19:00 часот.

Како што соопштија од Катастарот, со тоа ќе им овозможат на граѓаните да обезбедат имотен лист кој им е неопходен за навремено поднесување барање за приватизација на дворните места.

Интересот за поднесување барања е зголемен во последните денови. Дневно се поднесуваат и над 1000 барања.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека поради зголемениот интерес на граѓаните за откуп на дворните места, канцелариите на Управата за имотно правни работи ќе имаат продолжено работно време во работните деновидо19 часот.

Сите физички и правни лица кои нема да поднесат барање и нема да го откупат земјиштето ќе бидат обврзани да плаќаат закупнина на земјиштето на кое до наведениот рок биле евидентирани како корисници, односно го користеле земјиштето по основ на објект изграден врз него.

Би можело да ве интересира

Од денеска поевтини катастарски услуги

Катастарските услуги поевтинуваат до шест пати

Катерина Ѓуровски

Поскапе имотниот лист: Катастар ги зголеми цените поради поскапата струја и повисоките плати

A1on

Вработена во Агенцијата за катастар побарала поткуп од 2.000 денари

Горан Наумовски

Митева: Катастарот е уште една институција која СДСМ по само пет години ја донесе на раб на банкрот

Воведен регистар на одземен имот, банките продаваат 1.207 станови и дуќани и 278 парцели земјиште

Ана Ололовска