Утре ден на жалост во Крива Паланка

Од:

Советот на општина Крива Паланка на вонредната седница одржана вечерва донесе одлука со која 5. април го прогласува за ден на жалост во Крива Паланка, по повод трагичната смрт на нивната сограѓанка Фросина Цековска.

– По повод трагичната смрт на младата Кривопаланчанка Фросина Цековска која во петокот го загуби животот во сообраќајна несреќа во Скопје, недела 5 април се прогласува за Ден на жалост во општина Крива Паланка. Во име на градоначалникот на Крива Паланка и од име на советниците на општината во знак на почит кон прерано починатата Фросина Цековска и нејзиното семејство, упатуваме сочувство, а утрешниот ден е прогласен за ден на жалост, изјави Борче Стојчевски, претседател на Советот на општина Крива Паланка.

На денот на жалост знамињата во општината ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации закажани на територијата на општината за утре се одлагаат.

Угостителските објекти кои се на територијата на општина Крива Паланка ќе емитуваат сериозна музика.

Младата, 19-годишна Фросина Цековска беше талентирана студентка, бруцош на Електро-техничкиот факултет во Скопје. Цековска трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи на улица Партизанска во Скопје, на 3 април 2015.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Горан Наумовски

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка