Утре дебата „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“

Од:

Со цел да се поттикне и да се засили јавната дебата за вистинското значење на пописот, како и за нужноста од негово итно спроведување, НВО Инфоцентарот заедно со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) и 8-ми Септември, а со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ) преку Проектот на УСАИД за граѓанско општество, организира дебата: „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“

Дебатата ќе се одржи утре, со почеток во 11 часот, во ГЕМ клубот, во Старата скопска чаршија.

Дискусијата ќе ја модерира Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), а панелисти ќе бидат Дончо Герасимовски, статистичар и поранеше директор на Заводот за статистика; Абдулменаф Беџети, професор и поранешен потпретседател на Државната пописна комисија (се чека потврда); Фросина Ременски, професорка на Факултетот за државна безбедност, Афердита Хаџијаха Имери експертка за социјална вклученост, Бранко Героски, новинар и Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар.

Оваа дебата е дел од граѓанската кампања „Попис веднаш!“, во чии рамки се одржаа дебати и во Тетово, Битола, Струмица и Струга.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски