Извештајот за Охридскиот регион е усвоен, останува само да се испрати до УНЕСКО

Од:

Владата на денешната седница го разгледа и усвои Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство.

Како што информира владината Прес-служба, Владата ја задолжи Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија да го достави Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство до Центарот за светско наследство на УНЕСКО, најдоцна до 25 февруари 2021 година.

На предлог на Министерството за здравство, Владата на седницата ја разгледа и усвои и Информација со Предлог-барање за автентично толкување на членот 49 став 1 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци до Собранието на Република Северна Македонија.

– Оваа постапка Владата ја покренува заради барањето на голем број компании со лиценци за одгледување канабис за медицински цели за извоз на сушен цвет од канабис, како и заради усогласување на недореченоста во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, односно дали сушениот цвет може да добие третман на препарат на супстанции и растенија класифицирани во листите II и III, којшто е подобен за извоз надвор од територијата на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од владината седница. с

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски