Усвоени протоколите за училиштата: родителите дома ќе им мерат температура на децата, задолжителни маски и дистанца

Од:

Владата на Република Северна Македонија на денешната 82 седница го усвои Протоколот за постапување на основните училишта во Република Северна Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година и Протоколот за постапување на средните училишта во Република Северна Mакедонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година.

Според усвоените протоколи, родителите на деца кои се во основно образование ќе мораат уште дома да им ја измерат телесната температура пред секое поаѓање на училиште, а ако таа изнесува над 37 степени, учениците нема да смеат да дојдат до училиштето, туку туку родителите ќе бидат должни да се јават на телефон на наставникот/одделенскиот раководител на паралелката. Во училиштето исто така на влезот ќе им се мери температурата на сите ученици, од страна на дежурен и за тоа поставен наставник.

Наставата во училница се изведува со најмногу до 20 ученици во училница и обезбедено физичко растојание од 1,5 метри помеѓу учениците и наставникот и учениците. Првиот ден од наставата започнува со упатства за учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во училиштето.

Се забрануваат поздравувања со физички контакт за вработените во училиштето и меѓу учениците. За време на наставата и одморите, со учениците задолжително е присутен класниот раководител/наставник и се грижи за почитување на физичка дистанца меѓу учениците. За време на наставата во училницата, доколку дозволуваат временските услови, се остава отворен прозорец. Во училницата (доколку ги има) се избегнува употребата на уреди за климатизација и вентилација, се вели во протоколите, кои се објавени на веб-страницата на Владата.

Владата денеска донесе и одлука за формирање на работна група во којашто ќе учествуваат претставници од Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија. Оваа работна група ќе ја следи состојбата и ќе дава мислење за подготвеноста на основните и средните училишта за спроведување на наставата во услови на КОВИД-19 по поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, како исклучок од задолжителната онлајн настава за учениците од четврто одделение во основното образование и за учениците до четврта година во средното.

Во рамките на заклучоците по оваа точка, Владата го задолжи Министерството за образование и наука да го промени календарот за учебната 2020/2021 година со што наставниот процес наместо на 1-ви септември да започне на 1-ви октомври 2020 година.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска