Усвоени измените на законите за нов Клинички центар, за социјална заштита и за заштита на децата

Од:

Собранието на денешната 28-ма седница, по скратена постапка, го усвои владиниот Предлог на закон за реализација на проектот „Нов Универзитетски клинички центар“ за изградба и ставање во употреба на комплекс на градби.

Министерот за здравство Венко Филипче во образложението на потребата за носење на овој Предлог-законот по скратена постапка нагласи дека со него се очекува забрзување на сите механизми во делот на изградбата на новиот Клинички центар, проект што е одамна очекуван.

– Верувам, дека тоа ќе значи поголем квалитет за здравствени услуги и плесен пристап на граѓантие, истакна Филипче.

Пратениците денеска ги донесоа и предлог-законите за измени и дополнувања на Законот за социјална заштита и на Законот за заштита на децата.

Со Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за заштита на децата, се олеснува пристапот за остварување и користење на правото на додаток за образование во услови на вонредни околности. Се утврдува дека правото на додаток за образование се користи за дете кое присуствува на најмалку 85 проценти од вкупниот број на реализирани наставни часови.

Инаку, овој закон се носи со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови и од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во земјата.

Собранието ја донесе и одлуката за давање согласност на одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансиско пензиско осигурување од пензиските друштва за 2020 година.

Пратениците продолжија со претрес и по новиот Закон за спречување и заштита од насилството врз жените и семејното насилство, во прво читање, по што донесоа заклучок дека е прифатлив и може да се даде на натамошно второ читање, а заклучокот да се достави до Комисијата за труд и социјална политика.

Насилството врз жените како форма на дискриминација врз основа на пол останува голем проблем, а е главна пречка за еднаквост во општеството, беше еден од заклучоците во расправата главно од пратеничките и од парламентарното мнозинство и од опозицијата, кои изразија задоволство од тоа што се носи овој закон, а тие се обединети за оваа тема.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го поддржа овој Закон, бидејќи, како што образложија нејзините пратеници, не ги засега само жените, туку и целото општеството за подигнување на општествената свест околу насилството. Тие наведоа дека се потребни сеопфатени анализи за семејното насилство, воедно охрабрувајќи ги жените жртви на семејно насилство да ги пријават ваквите појави. Воедно, тие посочија дека секој има законска обврска да пријава до надлежните ако е сведок на семејно насилство.

Пратеничката Гордана Силјановска во расправата по овие измени и дополнувања, побара во Буџетот да се одвојат средства за жртвите на семејно насилство, бидејќи, како што рече, се работи за сериозна реформа и потреба од заштита на жените и семјството и секако превенција. Најголемата забелешка, истакна таа, е што со Националното координативно претседава претставник на Канцеларијата на претседсастелот на Владата, а „избришани се“ претставнички од Собранието. Таа предложи со Националното координативно тело да претседава министерката за труд и социјална политика или од некоја невладина организација што се бават со оваа проблематика, оценувајќи дека во сите тела се заборавени жените и членовите на семејствата со посебни потреби.

Би можело да ве интересира

Предлог на законот за средно образование по барање на Владата е повлечен од собраниска процедура

Горан Наумовски

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски