Усвоена потребата по скратена постапка да се носат законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители

Од:

Собранието вечерва ја утврди потребата по скратена постапка да бидат донесени законот за Јавно обвинителство и законот за Советот за јавни обвинители. За овие законски решенија треба да расправаат Комисијата за европски прашања и Законодавно-правната комисија.

Опозицијата побара од претседателот на Собранието да ги врати законите до Владата бидејќи според нив предлозите се доставени неделовнички и нема одлука на Влада ниту за повлекување на материјалот, ниту за новиот предлог. Според нив, станува збор за најгруб фалсификат што досега се случил во Собранието.

– Вие треба да го вратиме овој материјал бидејќи на седницата на Владата нема одлука за повлекување, ниту одлука за доставување на нов материјал во Собранието. Врз основа на ова, предлозите се неделовнички и согласно Деловникот имате обврска и право да го вратите предлогот до Владата и таа откако на седница ќе ги помине, да ви ги достави предложените зкаони за да може да закажате седница. Вака вие учествувате во кршењето на Деловникот на Собранието, рече Мицевски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери истакна дека седницата ја свикал согласно надлежностите и дека Парламентот работи согласно доставени материјали од надлежни институции.

Министерката за правда Рената Дескоска образложувајќи ја потребата по скратена постапка да се донесат законите, изрази надеж дека тие ќе бидат донесени пред распуштање на Парламентот.

– Стратешка цел на нашата држава е евроинтеграцијата и отворање на преговори со Европската унија. Со оглед на тоа што се укажува на значењето на овој закон за отворањето на прегтовори, сметаме дека е неопходно тој да биде донесен пред распуштање на Собранието. Ова е текст кој ги содржи укажувањата од различни пратенички групи во текот на преговорите, а внесени се и забелешки од групата на пратеници кои сакаат да учествуваат во последните преговори, истакна Дескоска.

Седницата на која требаше да биде утврдена потребата по скратена постапка да бидат донесени законите требаше да почне во 17 часот, но предлог-законските текстови беа повлечени од страна на Владата поради направени технички грешки и по извршените корекции повторно беа вратени во собраниска процедура. За нив, вечерва гласаше Собранието да бидат донесени по скратена постапка.

Би можело да ве интересира

Жерновски-Буриќ: Советот на Европа го поздравува донесувњето на Законот за ЈО

Ана Ололовска

Законот за ЈО за едни чекор напред кон правна држава, за други амнестија за криминалот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Спасовски – Фон Дер Лајен: Честитки за донесувањето на Законот за ЈО

А1он

Џафери: Законот за јавно обвинителство е донесен во соодветна процедура

Ана Ололовска

Брисел ги поздрави одлуките на македонскиот Парламент, сега на ред е ЕУ

Драган Поповски

Рот: Добра вест од нашите пријатели во Северна Македонија

Драган Поповски