Усвоен нов статут на УКЛО-Битола

Од:

Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, го усвои новиот Статут на УКЛО-Битола.

Од УКЛО-Битола информираат дека новиот Статут е усогласен со Законот за високото образование, во соодветна простапка и по е спроведена утврдена процедура.

– Пред денешното усвојување на новиот Статут претходеше зголемената динамика на органите и телата на УКЛО, спроведена јавна расправа на единиците на УКЛО и можност да изнесат предлози и мислења. По завршувањето на оваа фаза Комисијата за нормативна дејност прифати Предлог-Статут на УКЛО, кој потоа беше утврден од Ректорската управа, а сега веќе усвоен и од Сенатот, информираат од УКЛО-Битола.

Статутот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во предвидениот рок ќе биде доставен до Собранието на Република Македонија кое со одлука дава согласност на Статутот.

Според ректорот Сашо Коруновски, усвојувањето на Статутот е особено важно за УКЛО, зашто го дефинира работењето на Универзитетот во сите негови домени и целосно е сообразен со новиот Закон за високото образование, обезбедува вистинска рамка за функционирање на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и се отвораат перспективи за неговиот понатамошен развој.

Би можело да ве интересира

Проректор Ѓуровски: Високото образование да создава кадар кој потребен на бизнисот за отворање на нови работни места

Ана Ололовска

Потпишан Меморандум за поинтензивна соработка меѓу УКЛО и приватниот безбедносен сектор

Ана Ололовска

УКЛО потпиша договор за соработка со Криминалистичко-полицискиот Универзитет од Белград

Жарко Настоски

ЦУК и академската заедница почнуваат интензивна соработка

Ана Ололовска

Директорот на Агенцијата за национална безбедност Димовски ќе предава пред студентите на Факултетот за безбедност-Скопје

Ана Ололовска

Еразмус + форум во организација на УКЛО и Националната агенција за образовни програми и мобилност

Ана Ололовска