Уставните судии ќе донираат 20 отсто отсто од априлската плата за борба против Ковид-19

Од:

Уставните судии на вчерашниот работен состанок донеле одлука да донираат 20 отсто од својата нето плата за април во фондот за борба против коронавирусот.

– Уставниот суд, уште еднаш нагласува дека во секој од предметите кои се разгледуваат, се оценува уставноста и законитоста на нормите, а не целта која се сака да се постигне преку нив, се наведува во кусото соопштение од Судот.
Уставниот суд пред неколку дена едногласно ја укина владината уредба за кратење на платите на сите функционери, односно за судиите, обвинителите, пратениците, советниците во општините, директорите и другите раководни лица…
Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати во интервју за МИА за оваа одлука која предизвика реакции во јавноста, изјави дека Судот не е против солидарноста во борбата против коронавирусот, туку е едногласен дека уредбите мора да бидат во согласност со Уставот и со законите.
– Никој од судиите не ја оспори или е против легитимната цел – обезбедување средства за борбата со пандемијата, туку е спорен начинот на кој тоа е сторено – преку норми за чија неуставност и незаконитост постои основано сомнение. Заштитата на уставноста и законитоста е уставна задача на Судот и тој мора да реагира и да ги обезбеди и во услови на вонредна состојба, кажа Мурати.

Би можело да ве интересира

Уставен не поведе постапка за законските измени за работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Ванковска и Левица го оспорија упатството за радиодифузери на АВМУ пред Уставниот суд

Орце Костов

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

Орце Костов

Пендаровски: Уставниот суд уште поактивно да се профилира како заштитник на човековите права и слободи

Kацарска: Волјата на владеењето на правото е посилна од сите системско политички аномалии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите