Уставните судии ги враќаат во живот помилувањата на Иванов за Мијалков, Груевски, Протоѓер

Од:

Уставниот суд вчера поведе постапка за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година, што му овозможи на поранешниот претседател, Ѓорѓе Иванов, да ги поништи помилувањата кои самиот ги даде во април 2016 година за 56 лица, меѓу кои речиси целокупниот врв на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа значи дека шестмина уставни судии со прифаќањето на иницијативата поднесена уште во 2016 година, го отворија патот, сите 56 лица, кои Иванов ги помилува, и потоа си ги поништи одлуките, да бидат целосно ослободени од кривичниот прогон.
Судот смета дека со Законот за дополнувањето на Законот за помилувањето, со кој му се дозоволи на Иванов да ги поништи помилувањата, излегол надвор од дадените надлежности кои ги има претседателот што е спротивно на Уставот, бидејќи се повредува принципот на владеење на правото и правната сигурност на граѓаните.

Според уставните судии, претседателот во согласност со Уставот има право само да дава помилување, но не и да поништува, што значи дека Уставот не предвидува можност за повлекување на претходно даденото помилување.

Oдлуката на Ѓорге Иванов за помилувањето објавена во „Службен весник“

Од судот вчера посочија дека во повеќе држави-членки на Европската Унија од кои што било побарано мислење, не постои можност за повлекување на даденото помилување.

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, беше помилуван најмногу, 16 пати. Поранешната министерка за внатршени работи, Гордана Јанкулоска беше помилувана 11 пати, ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков шест пати, бегалецот Никола Груевски пет пати, исто толку и Мартин Протоѓер.

На листата четирипати беше помилуван ексгенсекот на Владата, Кирил Божиновски, избеганиот поранешен началник на петтата управа, Горан Грујевски, потоа Ирена Мишева, Љупчо Тодоровски, Трајко Вељаноски, сведокот на СЈО, Коста Крпач, Едмонд Темелко, Мунир Пепиќ, вработени во УБК, полициски „алфи“, Коце Трајановски, Исмет Гури и други…

Помилувани беа и специјалните јавни обвинители, тогашниот опозиционер, Зоран Заев, разузнавачот Зоран Верушевски…

Уставните судии го одложија одлучувањето за иницијативата за преиспитување на членот 353 став 5 за злоупотреба на службената положба и овластување, кој се однесува на злоупотреба на постапките за тендери, а опфаќа најголем број обвинети во предметите на СЈО.

Би можело да ве интересира

Уставен суд го одби барањето на Апасиев против Џафери

Катерина Ѓуровски

Уставен суд ја одложува подготвителната седница на Законот за употреба на јазиците поради седумдневната жалост за жртвите од трагедијата во Кочани

Костадиновски: Секој е должен да го почитува Уставот, вклучувајќи го и Собранието

Горан Наумовски

Уставот не предводува интерпелација или разрешување на уставни судии, реакција од Судот

Костадиновски: Законодавецот ги ограничил правата на граѓаните со измените на Изборниот законик

Уставен суд ќе одлучува за Изборниот законик