Уставните измени се уште се во Владата, Собранието ги чека подготвено

Од:

Владата вчера одржа седница, но не расправаше за иницијативата за уставни измени. Премиерот Димитар Ковачевски пред неколку дена рече дека ќе и се даде простор на опозицијата да одлучи дали ќе се приклучи кон носењето на одлуката за уставните измени и евроинтеграцискиот процес. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со дел од раководството на партијата беше на разговори во Брисел. Се огласи и претседателот на државата Стево Пендаровски кој изрази надеж дека до ноември ќе бидат направени уставните измени, за да се избегне државата сама да се блокира за влезот во ЕУ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од потпретседателот на партијата Александар Николовски и пратеникот Тимчо Муцунски, во Брисел ќе присуствува на Собрание на Европск

Мицкоски во изјава за медиумите повтори дека нивната порака е јасна: ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаков договор што ќе биде под бугарски диктат.

-Тоа е основната и суштинската порака која што овде во Брисел ја пренесовме и ќе продолжиме да ја пренесуваме, а која што се темели на нашите факти и аргументи, изјави тој.

Делегацијата од ВМРО-ДПМНЕ, во чиј состав се и потпретседателите Тимчо Муцунски и Алексанадр Николоски, како што информираа од партијата, е во Брисел за да оствари неколку средби со високи претставници на ЕУ.

-Денеска имавме средба и со господинот Манфред Вебер. кој што е и претседател на ЕПП, семејство во кое што е член и ВМРО-ДПМНЕ. Главната цел овде во Брисел на делегацијата е да ги презентира своите позиции, аргументи и ставови поврзани со проблемот кој што го создаде Владата на ДУИ подржана од СДСМ, рече Мицкоски.

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, при што изрази жалење затоа што поради пандемијата на КОВИД-19 не

Претседателот Стево Пендаровски, кој присуствува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на ПСЈИЕ во Подгорица, изрази надеж дека до ноември ќе бидат направени уставните измени, за да се избегне државата сама да се блокира за влезот во ЕУ.

-Како што е познато, минатата година гласавме да ја прифатиме европската рамка и тоа беше еден од предусловите да продолжиме со преговори за членство во ЕУ. Веќе е оформрена работна група во рамки на нашето Министерство за правда, составена од ексpерти и политички претставници на партиите во Парламентот. Тие дадоа предлог за содржината на амандманите, па и за влез на бугарското малцинство во македонскиот Устав. Според најавите, следните две недели би требало таа иницијатива да ги помине процедурите во Владата и потоа да влезе во Парламентот, рече Пендаровски.

Шефот на државата кажа и дека во овој момент постојат разговори на различни политички нивоа, дека неодамна имаше и лидерска средба меѓу премиерот и лидерот на главната опозициска партија, која сè до овој момент има забелешки, приговори и не е согласна да ја поддржи таа измена на Уставот.

-Некакви позитивни чекори напред од таа средба има, меѓутоа далеку сме сè уште од заокружување на тој процес, изјави Пендаровски.

Тој изрази надеж дека до крајот на ноември, додека трае т.н. скрининг процес, ќе ја завршиме таа обврска.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска ќе има средба со новиот амбасадор на Република Чешка, Јарослав Лудва.

Претседателот на Собранието Талата Џафери, пак, рече дека Парламентот во секој момент е подготвен да ја почне постапката за уставни измени. Од моментот кога тие ќе бидат доставени до Собранието од предлагачот до моментот на утврдување на потребата за промена на Уставот потребни се 30 дена. Засега, како што вели, нема најава кога уставните измени би можеле да влезат во собраниска процедура.

-Собранието секако е подготвено во секој момент како ќе постапат овластените предлагачи, надлежните институции ние сме подготвени да постапиме според процедурите и роковите во Деловникот, изјави Џафери по средбата со новинарите.

Претседателот на Собранието е дециден дека пратениците се во постојано заседание така што дури и да треба да се гласа во август за утврдување на потребата за уставни измени, за нив нема да има никаква пречка.

-За Собранието нема никаква пречка ни август, ни јули, ни септември, рече Џафери.

Во однос на наводите дека вицепремиерот Бојан Маричиќ им се јавувал телефонски на пратеници од опозицијата, Џафери вели дека никој не може никого да го спречи да се јави некому, но, сепак, посочува дека влијание е недопустливо, кога се пратеници во прашање.

Би можело да ве интересира

Рокас повтори дека мора да се направат уставните измени за прогрес кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Продолжувањето на пристапниот процес за Северна Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза порача Писонеро

Гаши: За да почнат уставните измени треба договор и политичка волја

Катерина Ѓуровски

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Неодбивањето на Фон дер Лајен на нашиот предлот значи дека има простор за потенцијално решение за уставните измени толкува Муртезани