Уставниот суд расправаше за член од Изборниот законик

Од:

Уставниот суд на денешната седница расправаше по иницијативата поднесена на членот 8-а, став 1, алинеја 4 во делот: „или постапка за престанок на работен однос“ од Изборниот законик, а ќе се одлучува на наредната седница.

Оспорениот член предвидува „од денот на донесување одлука за распишување избори во Собранието до завршување на изборите, значи додека тече изборниот процес, не може да се започне постапка за вработување нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи“.

Поднесител на иницијативата е физичко лице од Битола, кој бара да може да престане работниот однос врз основа на закон.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?