Уставниот суд нема да ја оценува уставноста и законитоста на одлуката за распуштање на Собранието

Од:

Уставните судии решија да не ги преиспитуваат уставнота и законитоста на одлуката за распуштањето на Собранието. На денешната седница тие велат дека донеле заклучок оти за ова прашање е веќе дискутирано минатиот месец, кога, пак, констатираа дека од формален аспект, Уставот не бил прекршен.

„По дискусијата од страна на сите судии, судиите едногласно зазедоа став дека не постојат услови за прифаќање на иницијативата. Ова е од причина што во случајот станува збор за пресудена работа, што значи дека Судот веќе се изјасни за уставноста и законитоста на оваа одлука на Собранието во предметот У.бр.40/2020, на седницата одржана на 8 и 15 април 2020 година, кога со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за оценување на нејзината уставност и законитост. Притоа тогаш во расправата беа земени предвид и околностите на кои се укажува со иницијативата“, информираа од Уставен суд.

Судиите одбија да ја оценуваат уставнота на првата прогласена вонредна состојба од страна на претседателот Стево Пендаровски, бидејќи сметаат дека е беспредметно да се преиспитува нешто што е веќе завршено.

Би можело да ве интересира

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, реагира Клубот на пратенички

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски