А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Уставниот суд не поведе постапка за оценка на законитоста на издавањето домашна платежна картичка

by А1он08/07/2020 - 15:43390
Share0

Уставниот суд денес реши по одморите да одржи подготвителна седница за оценување на уставноста и законитоста на одредбите кои предвидуваат казна затвор од минимум пет години за функционери кои го оштетиле буџетот со јавни набавки и одлучи да не поведе постапка за оценување на уредбата за издавање домашна платежна картичка намената за купување на македонски производи и услуги и на уредбата за прашања поврзани со изборниот процес.

Добивај вести на вибер

Од Уставниот суд информираат дека од септември ќе се одреди време за организирање на подготвителната седница со експерти, по што ќе одлучува по иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Член 353 став 5 од Кривичниот законик, кој предвидува казна затвор од минимум пет години за функционери кои го оштетиле буџетот со јавни набавки.

– Првата точка се одложи за после одморите, кога ќе има подготвителна седница каде ќе се викнат гости од науката и струката за да се решат некои спорни правни прашања по однос на член 353 став 5, брифираат од Уставниот суд, за иницијативата која беше разгледана како прва точка на денешната 24-та седница, информираат од Судот.

Уставниот суд, како втора точка, ја разгледал и иницијативата за оценување на уредбата со законска сила за финансиска подршка на граѓаните и вработените лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање домашна платежна картичка намената за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба и уредбата за прашања поврзани со изборниот процес, но одлучено е да не се поведе постапка по оваа точка.

Како 11 точка, на дневен ред, била разгледана иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба бр.90/2020 и нејзиното дополнување бр.154/2020.

– Во однос на точка 11 е поведена постапка. По Уредбата со законска сила за закупците на плажи се поведе постапка и бидејќи уредбата нема допирни точки со пандемијата и регулура односи кои се однесуваат на редовна состојба, а не во вонредна, информирата од Уставниот суд.

Уставниот суд на денешната седница разгледа повеќе иницијативи за оценување на неколку уредби со законска сила, но нема други интервентни постапки.

domasna platezna kartickaustaven sud

Би можело да ве интересира

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

Горан Наумовски12/03/2026 - 17:22

ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита

Катерина Ѓуровски12/03/2026 - 10:13

Судиите одлучија – измените во Законот за прекршоци за „Безбеден град“ не се во спротивност со Уставот

А1он11/03/2026 - 19:01

Уставниот суд од 4 март почнува со седници во живо пред граѓаните

Предраг Петровиќ28/02/2026 - 13:29

Уставниот суд одби иницијатива за нерезидентни пензионери, запре постапка за Кривичниот законик

Горан Наумовски25/02/2026 - 16:2725/02/2026 - 16:30

Дискриминација на пензионерите во странство – Законот за пензиите пред Уставен

Катерина Ѓуровски25/02/2026 - 09:5925/02/2026 - 10:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен