Уставниот суд не донесе одлука за „работа во недела“

Од:

Уставниот суд денеска ја одржа XXVIII-та седница со дневен ред на кој се расправаше по три реферати, меѓу кои и рефератот У.бр.4/2022 кој опфаќа „работа во недела” информираат од Судот.

-Уставниот суд не донесе одлука за овој предмет поради недоволно мнозинство на гласови, односно еден од судиите на јавната расправа се изјасни дека нема да го поддржи рефератот. Предлогот на овој предмет гласеше „да не се поведе постапка”, што значи Законот да остане во правниот поредок, односно недела да остане неработен ден, освен во дејностите за кои е исклучок и кои се предвидени со овој закон. Потсетуваме дека Уставниот суд работи со вкупно пет судии од предвидени девет според Уставот, а за одлучување се потребни најмалку петмина, колку што се вкупно судии во моментов се вели во соопштението од Уставен.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Уставниот суд апелира за итен избор на уставен судија

Костадиновски: Сè зависи каде се применува бадентерот

Костадиновски: Итно да се изберат двајца уставни судии

Костадиновски: Укинувачката одлука на Кривичниот законик би направила поголема штета од пратеничката

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка

А1он