Уставниот суд едногласно одлучи да не се поведе постапка за Преспанскиот договор

Од:

Уставниот суд едногласно одлучил да не се поведе постапка по иницијативата за Преспанскиот договор. Ова денеска на прес конференција го соопшти претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска по седницата на која беше донесена оваа одлука.

„Уставниот суд денес едногласно одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за ратификација на конечната спогодба за решавање на разликите во резулуциите 817-1993 и 848-1993 на Советот на Обединетите Нации за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување Стратешко партнерство меѓу странките. Судот одлучи да ја отфрли за оценување на уставноста на Указот со кој е прогласен овој закон и да ја отвфрли иницијативата за оценување на законитоста на претходните два акти и нивната усогласеност со член три од Законот за склучување и ратификација на меѓународни договори и виенаската конвенција за договорно право“, посочи Кацарска.

Според претседателката на Уставниот суд, законот е во согласност со Уставот и посочи дека кога се носела оваа одлука се направила сеопфатна поготвителна постапка и анализа. Во инцијативата за преиспиување на уставноста на овие закони пак, се тврди дека Указот за прогласување на Законот за ратификација на конечната спогодба не е потпишан од претседателот на Република Македонија, што го прави тој акт спротивен со членот 51 од Уставот. Но, според Кацарска, Указот не содржи правни норми и тој е дел од процедурата, а кога Уставниот суд укинува или поништува закон, Указот не се укинува посебно.

„Во духот на Уставот, волјата на пратенците се персонифицира во духот со волјата на граѓаните напсроти само на еден човек. Бидејќи системот на владеење на влсаста во нашата држава е парламентарна демократија, а не монархија, суверенитетот произлегува од граѓаните и им проипаѓа на граѓаните и Уставот. Законите важат подеднаково за сите па дури и за претседателот на Републиката“, изјави Кацарска со објаснување дека во расправата за оваа инцијатива, поголем дел од дискусијата се водела за непотпишување на Указот од страна на екс претседателот Ѓорге Иванов.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд поведе постапка за Законот за данок на солидарност

Горан Наумовски

Законот за данок за солидарност на дневен ред на Уставниот суд

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Меџити: Законот за правична застапеност ќе биде во духот на тоа што нема да му се даде можност на Уставниот во иднина да укинува закони само со просто мнозинство

Лога: Уставениот суд во два случаи ја наруши правната сигурност на уставниот поредок, ова е форма на „државен удар“

Етничката припадност е уставна категорија, ќе има нов закон наместо „балансерот“ реагира Таравари