Уставен суд: Лога кажува невистини и произволни констатации

Од:

Имајќи ја предвид својата позиција и независност, Уставниот суд е должен да реагира на невистинитите и неточни тврдења искажани од страна на министерот за правда Кренар Лога. Согласно уставната положба која на Уставниот суд му обезбедува да се дистанцира од секаков политички авторитет, Судот укажува дека е недозволиво за член на Владата како носител на извршната власт јавно да ги доведува во заблуда граѓаните со изнесување на произволни констатации и невистини во врска со работењето на Уставниот суд, велат од Уставен.

– Имено, господинот Лога сподели невистини и погрешно ја информира јавноста во врска со т.н. Упатство за водење на матичните книги, кои потоа се споделени и преземени од повеќе медиуми. Неточни се тврдењата на министерот за правда Кренар Лога дека од Уставниот суд е побарано мислење во било која форма за понатамошно постапување со издавање на изводите бидејќи нема пристигнато таков допис од ниту од Управата за водење на матични книги, ниту пак од Министертвото за правда. Во интерес на зачувување на достоинството и угледот на Судот како единствена институција со такви надлежности, информираме дека Уставниот суд комуницира преку своите акти, но во никој случај не е дел од формалната процедура Судот да врши консултација со било кој учесник во постапката и да советува откако ќе биде донесена одлука.
Уставниот суд нема надлежност да кажува кои се идните чекори по донесени одлуки, затоа што доносителите на актите имаат обврска да ги решаваат проблемите, се вели во соопштението од Суидот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести и судир со полицијата во Полска – премиерот Туск е обвинет за државен удар

А1он

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија