Уставен суд ќе одлучува за Изборниот законик

Од:

Уставниот суд денеска треба да одлучи по иницијатива за Изборниот законик со која се оспорени членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. На дневниот ред од денешната седница закажана за во 9:30 часот се предвидени и осум други иницијативи за оценување на уставност/законитост и три барања за заштита на слободи и права.

Подносителите на Иницијативата за Изборниот законик сметаат дека со оспорените членови се прави измена на членовите 61 и 62 од Изборниот законик , кои се однесуваат на условите за поднесување листи на независни кандидати за пратеници, како и за членови на совети и градоначалници. Се тврди дека е драстично подигнат прагот за поднесување на независни граѓански листи на изобри на 1 % од гласачкото тело, што според нив предизвикува нееднаква положба на граѓаните при здружување во иницијативни групи за поднесување на независни листи за учество на изборите. Се наведува дека овие измени создале нееднаквост на граѓаните и дискриминација во корист на партиите, имајќи предвид дека секоја партија која исто така претставува група граѓани, може да поднесе листи со кандидати, а е регистрирана со 1000 гласачи. Дополнително, според подносителите, спорно е што измените се донесени во нетранспарентна и скратена постапка, без претходни консултации и јавна расправа.

Би можело да ве интересира

Судскиот совет ја предлага Мери Дика Георгиевска за судија на Уставниот суд

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита

Судиите одлучија – измените во Законот за прекршоци за „Безбеден град“ не се во спротивност со Уставот

А1он

Уставниот суд од 4 март почнува со седници во живо пред граѓаните

Материјалите не биле преведени на албански, одложена конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство