Уставен изгласа, Иванов ќе ослободува и од кривично гонење за изборен криминал

Од:

Уставниот суд со мнозинство гласови изгласа укинување на измените на Законот за помилување и со тоа на претседателот на државата му даде можност да помилува, не само осудени за изборен криминал, туку и да ги ослободи од кривично гонење, пред да се донесе судска пресуда, односно да одлучи за аболиција. Ова се однесува на изборен криминал, педофилија, тероризам, трговија со дрога и други тешки кривични дела. Освен тоа, на веќе осудените лица за изборен криминал и други дела, уставните судии му ја дадоа можноста на претседателот да намалува казни и да ги заменува со други.

Главниот аргумент на уставните судии кои гласале „за“, е дека Уставот не прецизира за кои дела може да се помилува, а за кои не, па затоа законодавецот, odnosno Собранието не може да ги стеснува или проширува правата за помилување на претседателот на државата.

За вакавата одлука гласале истите петмина судии, кои гласаа и за прифаќање на иницијативата за оценување на уставноста на Законот. Тоа се Елена Гошева, Јован Јосифовски, Никола Ивановски, Вангелина Маркудова и Владимир Стојаноски. Четворица од уставните судии гласале против и веќе се најавени нивни издвоени мислења кои ќе бидат јавно објавени.

Со оваа одлука на Уставниот суд се укинува и Комисијата за помилување, која работеше како советодавно тело на претседателот на државата. По стапувањето на сила на оваа одлука, единствено кој ќе го советува претседателот на државата кого да помилува е Министерството за правда, односно Владата.

Иницијативата за укинување на измените на Законот за помилување донесени во 2009 година со кои му беше ограничено правото на претседателот за помилување на овие лица до Уставниот суд на 5 февруари 2016 година, ја поднесе адвокатот од Охрид, Ристо Китевски, вработен во адвокатската канцеларија на Љубчо Наумовски, кој што во процесот „Титаник“ покренат од Специјалното Јавно обвинителство е дел од адвокатскиот тим на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, двајцата обвинети за изборни измами.

Инаку, денешната седница беше затворена за јавноста, наспроти досегашната пракса на Уставниот суд, по одлука на претседателката Елена Гошева која самостојно проценила дека седницата треба да се одржува зад затворени врати.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска